Top Sport

Кореецот Хванг ќе биде најскапо засилување за Црвена Звезда во историјата

Кореецот Хванг Ин Беом ќе стане најскапото засилување во историјата на Црвена Звезда. Тој ќе потпише четиригодишен договор со српскиот шампион и доаѓа од грчки Олимпијакос во трансфер вреден 5.000.000 евра, пренесува „Телеграф“.

Хванг важи за еден од најдобрите играчи во Јужна Кореја. За репрезентацијата одигра 45 натпревари и е незаменлив на позицијата централен играч за врска.

Европската кариера Хванг ја започна во рускиот клуб Рубин Казан во 2020 година, а две години подоцна го облече дресот на грчки Олимпијакос.

Хванг ги одигра сите натпревари за својата репрезентација на Светското првенство во Катар минатата година, а Јужна Кореја се пласираше во осминафиналето.

Scroll to Top