Top Sport

Кошмар на „Ноу Камп“ – Агуеро ќе паузира најмалку три месеци!

Престојот на Серхио Агуеро на „Ноу Камп“ се претвара во вистински кошар, откако каталонскиот клуб потврди дека аргентинскиот напаѓач ќе мора да оди на дијагностички терапевтски процес под водство на група лекари, кој ќе трае три месеци.

Ова доаѓа откако во саботата, Агуеро се пожали на болки во градите при мечот со Алавес на „Ноу Камп“ во бизарни сцени кои ги загрижија фановите за неговото здравје.

„Кун Агуеро е поднесен на дијагностички терапевтски процес под докторот Жосеп Бругада. Тој нема да биде достапен за тимот во следните три месеци, во кои ќе се разгледува ефективноста на третманот“, објавија од Барселона.

Агуеро не можеше да дише, загрижувачки сцени на „Ноу Камп“

Агуеро како 15-годишник имал операција на срцето

Scroll to Top