Top Sport

Кошмар за Атлетико – повреда на Суарез во деликатен период

Титулата „им лизга од раце“, конкурентите Реал и Барса им се зад петици, а повредата на најдобриот играч сезонава е врв на проблемите.

Атлетико Мадрид „сите карти“ ги фрли на титулата во Ла Лига, имаше огромна предност пред големите ривали во Шпанија, но таа се стопи пред последните 9 кола од првенството.

Луис Суарез, стрелецот на 19 гола сезонава го напушти тренингот поради повреда на мускулот.
Експресно стигна соопштение од таборот на „јорганџиите“:

„Луис Суарез претрпе повреда на мускулот на левата нога. Беше на медицински тестови и тие ја потврдија повредата. Сега го чека опоравување“.

Дел од шпанските медиуми информираа дека најверојатно Уругваецот ќе паузира 3 недели. Едно е сигурно – тој нема да биде во составот на Чоло Симеоне на наредниот првенствен меч против Бетис поради суспензија.

Scroll to Top