Top Sport

Коста за Суарез: Toj ќе гризе, јас ќе тепам!

Уругвајскиот фудбалски ас, Луис Суарез имаше деби од соништата во екипата на мадридски Атлетико Мадрид. Влезе во игра во 70 минута на местото на Диего Коста и до крајот на мечот успеа да постигне 2 гола, а воедно и да асистира при еден погодок.

По високиот триумф од 6-1 над Гранада расположението кај „јорганџиите“ е на највисоко ниво, па Коста во свој стил го прокоментира новиот партнер во нападот.

„Ми се допаѓа Луис Суарез. Навистина е добар, едниот од нас гризе, другиот тепа“, не знам зошто Барселона го пушти, но тоа си е нивно. Има воинствен дух за освојување титули“ – рече Коста.


Scroll to Top