Top Sport

Крај на трката за скудетото? Интер падна на „Дал’Ара“

Пред неколку дена се откри дека градските власти во Неапол веќе се подготвуваат за прославата на уште неосвоеното скудето на Наполи, а по денешниот незгоден 1:0 пораз на Интер на гостувањето кај Болоња, станува јасно дека веќе можат и да ги подготвуваат и пијачките, бидејќи разликата на табелата по 24 кола е огромни 18 поени.

На теренот на „Ренато Дал’Ара“, немаше најдобри услови за фудбал, со силен дожд и студено време, но тимот на Симоне Инзаги едноставно не направи доволно да го совлада упорниот и цврст тим на Тијаго Мота.

Болоња, иако имаше помалку од поседот на топката, на крајот статистиката кажува дека имаа повеќе удари кон противничкиот гол, а во 12. минута им беше поништен голот на Муса Бароу поради офсајд. На крајот, во 76. минута по грешката на Николо Барела на центарот на теренот, Џерди Скaутен му направи одлична асистенција на Рикардо Орсолини, кој го постигна својот седми гол оваа сезона за запечатување на победата, четврта во последните пет меча за скок на 7. место на табелата.

Scroll to Top