Top Sport

Наполитанска торта во чест на Виктор Осимен

Неколку дена откако на карневалот во Неапол повеќе локални деца се обоија во црно во чест на нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, предизвикувајќи обвинувања за расизам, тој доби посебна торта, заедно со неговата препознатлива заштитна маска.

Нигериецот има 19 гола во Серија А и е апсолутен лидер во трката за „капоканониере“ во лигата, постигнувајќи 10 гола во последните осум меча, така што локалната слаткарница „Фреско Форно“ реши да понуди торта во негова чест.

Се работи за чоколадна торта со сецкани лешници (кои треба да ја претставуваат неговата коса), и секако со верзија на неговата заштитна маска за лицето. Осимен повеќе од една година веќе нема потреба да ја носи маската, но продолжува да ја носи поради суеверие.

Манчини за децата кои си ги зацрнуваат лицата да личат на Осимен: Тоа не е расизам!

Scroll to Top