Top Sport

„Кралевите“ на „бразилски“ погон се први во Шпанија! (видео)

Реал Мадрид со 2:0 ја совлада Осасуна во меч од шестото коло од Ла лига, за да ги „симне“ Атлетико Мадрид од првата позиција во лигата и покрај тоа што за стартот на сезоната тимот на Зинедин Зидан претрпе многу критики.

Реал го постигна првиот гол преку Винисиус Жуниор, кој од работ на шестнаесетникот постигна прекрасен гол во 36. минута во полувреме во кое гостите повеќе мислеа на одбрана на својот гол, отколку на напад.

Лука Јовиќ во 58. минута постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд позиција, за во 72. минута, 18-годишниот Родриго, кој само што го замени својот сонародник Винисиус во игра, тргна во напад од половината на теренот и успеа да го совлада Мартинез.

Претходно, Валенсија успеа да „прокоцка“ 3:1 водство против Хетафе, за незадоволнително 3:3 реми и продолжување на слабите игри на „лилјаците“.

ЛА ЛИГА, 6.КОЛО

Валенсија – Хетафе 3:3

Реал Мадрид – Осасуна 2:0

Scroll to Top