Дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен, ќе биде надвор од терените во следните три до четири седмици поради повредата што ја доби во четвртокот на мечот со националниот тим на Данска. Тој предвреме ги напушти европските квалификации меѓу Данска и Финска, а од „Камп Ноу“ денеска соопштија дека се работи за повреда на потколеницата на левата нога.
Тоа значи дека Кристенсен ќе пропушти уште едно дерби против Реал Мадрид – на 5 април во полуфиналето на Купот на Шпанија. Тој нема да биде достапен и за првенствените натпревари против Елче, Џирона и против Хетафе. Надежите се дека ќе се врати за дуелот со Атлетико Мадрид на 23 април.
Данецот се повреди и во есенскиот дел од првенството во ла Лига, поради што пропушти осум натпревари.