Кристијано Роналдо не успеа да го спречи поразот на Португалија на гостувањето кај Украина (2:1), но стигна до еден личен јубилеј – стана само шестиот фудбалер во историјата кој успеал да постиген 700 голови во професионалната кариера.
Легендата на португалскиот фудбал сега се приклучува на елитното друштво во кое се уште и Бразилците Пеле и Ромарио, Германецот Герд Милер, Унгарецот Ференц Пушкаш и Австриецот со чешко потекло, Јозеф Бицан.
Во својата кариера, Роналдо постигнуваше голови за Спортинг Лисабон (5), Манчестер јунајтед (118), Реал Мадрид (450), Јувентус (32) и секако, португалската репрезентација (95), а во кариерата исто така има фантастични 54 хет-трика.
.@Cristiano becomes just the sixth player to score 700 career goals. pic.twitter.com/eZvBSAjsIi
— ESPN FC (@ESPNFC) October 14, 2019