Македонскиот фудбалер Крсте Велкоски влезе во историјата на култниот босански клуб Сараево. Тој денеска на стадионот „Грбавица“ постигна еден гол во победата на Сараево над Игман од 2:0.
Тоа беше 64. гол за Велкоски во дресот на клубот од Кошево и со тоа се запиша меѓу десетте најдобри стрелци на ФК Сараево во историјата.
Велкоски се израмни на десеттата позиција со легендарниот Фрањо Ловриќ, а пред нив се Ален Авдиќ и Хусреф Мусемиќ (65 гола), Бошко Антиќ (67), Салих Шеховиќ (75), Вахидин Мусемиќ (83), Емир Обука (89), Добривоје Живков (90), Сафет Сушиќ (96) и Асим Ферхатовиќ Хасе (100).