Најмалку пет навивачи на шведската фудбалска репрезентација се повредени откако вооружен човек испукал 20 куршуми во едно кафуле во кое публиката ја славеше 1:0 победата над Јужна Кореја во првиот меч за „трите круни“ во Русија.
Полицијата во Малме не го открива мотивот за застрашувачкиот напад, ниту состојбата на повредените, но посочува дека не се работи за терористички напад.
„Областа е обезбедена и се вршат разговори и испитувања на тие кои се повредени и кои биле очевидци на настанот“, вели портпаролот на полицијата, Штефан Содерхолм.
Според весникот „Сидсвенскан“, тројца од повредените се во сериозна состојба. Инцидентот се случил во 18.15 часот по локално време, што значи дека мечот бил завршен и се славела победата. Во близината на кафулето имало полициска станица, така што и полицајци присуствувале на инцидентот, тврди „Сидсвенскан“.