Top Sport

Кулушевски не сакаше да зборува македонски: Не, не, англиски, молам (ВИДЕО)

Фудбалерот на Тотенхем, Дејан Кулушевски, по поразот од Манчестер Јунајтед (3:2) не се осмели да даде изјава за „Спортклуб“ на македонски јазик. Иако новинарот на балканската телевизија го почна интервјуто на хрватски јазик со надеж дека фудбалерот ќе го разбере и можеби ќе му одговори на македонски јазик, со оглед на неговото македонско потекло, тој сепак, побара интервјуто да биде на англиски јазик.

„На кој јазик да зборуваме? Македонски…Не, не, на англиски, молам. Првпат играв на „Олд Трафорд“, се обидов да уживам, бевме добри, но на крајот тоа не беше доволно“, изјави Кулушевски.

Тој е роден во Стокхолм, а неговите родители потекнуваат од Охрид и имаат македонски корени. Кулушевски беше дел од македонската репрезентација до 16 години, но потоа одбра да игра за селекцијата на Шведска и сега е стандарден сениорски репрезентативец.

Scroll to Top