Top Sport

Циципас се извлече од бездната, „Кирјос експрес“ на Индијан Велс

Стефанос Циципас чекореше по работ на бездната, но успеа да го елиминира Џек Сок со 7:6 (7:5), 3:6, 7:6 (7:5) во двочасовен маратон на терените на Индијан Велс. Гркот како и Рафаел Надал се извлече во мечот со Американецот кој беше на два поени до победа. Во тај-брејкот од третиот сет имаше предност од 5:3, но не успеа да издржи и направи грешки во драматичната завршница.

Циципас во третото коло ќе се сретне со Денис Шаповалов, кој се мачеше со Шпанецот Алехандро Давидович Фокина со 4:6, 6:4, 6:2.

Ник Кирјос одигра одличен меч и за само 66 минути го „збриша“ Федерико Делбонис со 6:2, 6:2. Иако е послаборангиран за 98 места, контроверзниот Кирјос доминантно закажа пресметка со Каспер Руда во следната рунда на Индијан Велс.

Кај дамите, Викторија Азаренка ја совлада Астра Шарма со 6:3, 7:5, а некогашната најдобра светска тенисерка Наоми Осака загуби од Вероника Кудерметова со 0:6, 4:6.

Scroll to Top