Кике Сетиен, во јануари, го наследи Ернесто Валверде на тренерската функција во Барселона. Сетиен ја добил работата иако бил дури трен на листата потенцијални кандидати.
Познато е дека спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, неколку дена преговарал со легендата на шпанскиот фудбал Чави, но тој поставил услови кои во клубот не биле подготвени да ги прифатат.
Пред Чави, од Барселона го контактирале актуелниот холандски селектор Роналд Куман.
Куман беше играч на Барселона од 1989 до 1995 година, а од 1998 до 2000 му беше помошник на тогашниот тренер Луј Ван Гал.
„Да ми се јавија. Им реков „не“, бидејќи ја предводам репрезентацијата на Холандија. Не беше вистински момент за заминување“, изјавил Куман синоќа во Амстердам, по завршувањето на ждрепката за Лигата на нации.