За време на интернационалната пауза, прво францускиот селектор Дидие Дешам изјави дека Гризман е несреќен во Барса, а потоа по победата над Хрватска (2:1), самиот Гризман изјави дека Дешам „знае каде треба да го постави на теренот“.
Куман не реагира на критиките и вели дека самиот Гризман е одговорен да ја пронајде најдобрата форма.
„Секој има право да кажува што сака. Зборував со Антоан вчера бидејќи сакав, а не поради тоа што го кажа. Му порачав дека го сакам најдоброто за тимот и знам дека може да игра на десната страна без проблеми. Секој фудбалер е одговорен да ги подобри своите перформанси. Тој работи напорно, има одлична дисциплина и сега му треба малку среќа во финишот на акциите. За неговата позиција на теренот, се сеќавам кога бев холандски селектор и на мечот со Франција играше на десната страна. Тренерот ги дава наредбите. Немам проблем со Антоан, го сакам најдоброто за тимот и клубот. Знам дека можеби тоа е позицијата на која ој сака да игра, но не можеме да играме со двајца фудбалери со улога на ‘десетка’“, вели Куман.