Селекторот на Холандија, Роналд Куман вели дека се чувствува „многу здраво“ откако имаше „вистински шок“ со итната операција на срцето во текот на викендот.
Куман беше хоспитализиран во неделата и имаше операција на срцето откако се возеше со велосипед со неговата сопруга Бартина. Поранешниот дефанзивец на Барса беше пуштен бргу од болница и на Твитер призна дека искуството било страшно.
„Тоа беше вистински шок минатиот викенд. За мене, но пред сè за моето семејство и пријатели. За среќа лекарите ми помогнаа бргу и благодарен сум вечно за тоа. Вакво искуство те прави скромен, и ми беше мило што видов толку луѓе кои се грижеа за мене. Добив многу убави пораки од клубови и луѓе кои ги познавав, но и од луѓе кои никогаш не сум ги сретнал. Сега се чувствувам многу здраво и ќе продолжам со мојата работа со цела сила кога ќе почне да се тркала топката. Ќе се видиме наскоро“, напиша Куман.
57-годишниот Куман седна на клупата на „Оранје“ во февруари 2018 заменувајќи го Дик Адвокат, кој не успеа да го однесе тимот на СП во Русија. Со него на кормилото, Холандија загуби во финалето на првата Лига на нации на УЕФА од Португалија, но се квалификуваа за Евро 2020.
That was a bit of a scare, last weekend.
For myself, of course, but especially for my family, and for my friends.
Fortunately, the AMC doctors were quick to help me and acted wonderfully, for which I am very grateful.
Such an event really helps bring you down to earth. pic.twitter.com/MVM7xyjg1E— Ronald Koeman (@RonaldKoeman) May 7, 2020