Првите мечеви од осминафиналето на Купот на Македонија донесоа очекувани резултати во кои фаворитите направија предност пред реваншот, освен Вардар, кој одигра само 1:1 со Македонија Ѓорче Петров и го чека тежок втор меч.
„Црвено-црните“ можеа да одат на реваншот и со пораз, откако Кировски го шокираше фаворитот уште во 14. минута, пред во 72. минута, вардарци да израмнат на 1:1 преку Лира.
Академија Пандев, лидерот во Првата лига, покажа дека сериозно ќе оди на двете титули оваа сезона, откако со 6:2 ја совлада Брегалница во Штип, додека гостински победи остварија и Работнички над Тиквеш (0:1), Беласица над Пелистер (0:2) и Силекс над Скопје (0:2). Шкендија со 2:0 во Тетово го совлада најголемото изненадување на Купот, амбициозниот Кит-Го од Пехчево, кој во претходното коло го елиминираше Шкупи.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.НАТПРЕВАР
Брегалница – Академија Пандев 2:6
Скопје – Силекс 0:2
Гостивар – Победа 1:2
Пелистер – Беласица 0:2
Шкендија – Кит-Го Пехчево 2:0
Тиквеш – Работнички 0:1
Вардар – Македонија ЃП 1:1
Фото: ФК Вардар