На тројца членови на Италијанската асоцијација на фудбалски судии (АИА) им биле пратени пакети полни со куршуми, открива претседателот на АИА, Марчело Ники, а причината се контроверзите околу користењето на ВАР системот.
Според Ники, тој, потпретседателот Нарцизо Писакрета и селекторот на судии, Никола Рицоли (инаку судија од финалето на СП 2014) добиле вакви пратки преку пошта. Инцидентот доаѓа по низа контроверзи околу користењето на видео-технологијата (ВАР) во Серија А, откако стотина навивачи на Лацио минатиот месец протестираа пред седиштетето на АИА.
Во декември, група навивачи на Лацио поднесоа судска тужба против судиите Пјеро Џакомели и Марко ди Бело за контроверзниот 3:1 пораз од Торино.
„Ди Бело судеше одлично во дербито на Милано, но сега ќе мора да се појави на суд поради наводните грешки, Кажете ми, дали Лионел Меси или Кристијано Роналдо кога ќе утне шанса, треба следната недела да биде на суд поради тоа? Како да ги пратиме судиите на тере, кога ако згрешат можат да бидат пред суд“, изјави Ники.
Ресторанот на судијата Џакомели на удар на фановите на Лацио