Top Sport

(ВИДЕО) Арсенал ја наполни мрежата на селекцијата на МЛС лигата, Каи Хаверц со прв гол

Арсенал со победа дебитираше на американската турнеја, со убедливи 5:0 го совлада тимот на МЛС лигата. Новиот напаѓач Каи Хаверц го постигна првиот гол во дресот на „топчиите“.

Натпреварот се одигра во Вашингтон, а ова е најубедливата победа на странска екипа против селекцијата на американската МЛС лига. Мечот е традиционален, се игра речиси три децении, ривалите се менуваат, но ол-стар селекцијата на МЛС лигата никогаш не загубила со толку убедлив резултат.

Американците, на чија клупа беше Вејн Руни, во текот на целиот дуел беа во подредена позиција.

Габриел Жесус по пет минути игра донесе водство за Арсенал, до полувремето Тросар го удвои водството.

Жоргињо од пенал зголеми на 3:0, а потоа во последните пет минути Мартинели и Хаверц го поставија конечниот резултат.

 

Scroll to Top