Италија стигна до рутинска 6:0 победа над аутсајдерот Лихтенштајн, во меч во кој ветеранот Фабио Кваљарела постигна два гола од пенал за „аѕурите“, додека Шпанија без својот селектор Луис Енрике стигна до 2:0 победа на гостувањето кај уште еден аутсајдер, Малта во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Покрај двата гола на Кваљарела во листата на стрелците повторно се запиша и тинејџерот на Јувентус, Моисе Кин, како и Сенси, Верати и Паволети за втора победа по таа над Финска (2:0) во обновениот состав на селекторот Роберто Манчини.
И Шпанија стигна до очекувана победа на гостувањето на Малта, откако критикуваниот Алваро Мората постигна два гола во отсуство на Луис Енрике, откако селекторот остана во Шпанија поради „лични причини“.
Босна и Херцеговина пак, имаше фуриозен старт на „Билино поље“ во Зеница за да поведе со 2:0 против Грција со головите на Пјаниќ и Вишќа, но затоа имаа кошмарно второ полувреме во кое Пјаниќ доби црвен картон, а Грција успеа да се врати за 2:2 реми.
Интересно беше и во Базел, каде што Швајцарија имаш прво поведе со 3:0 против Данците со головите на Фројлер, Џака и Емболо, пред гостите во последните 10 минути да постигнат три гола и да обезбедат поен.
Луд меч одиграа и нордиските ривали Норвешка и Шведска (3:3). Домаќините имаа 2:0 водство пред Швеѓаните да направат пресврт и да поведат со 3:2, пред Норвешка да спаси поен со гол во 97. минута.
Фото: ЕПА
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2020
ГРУПА Д
Република Ирска – Грузија 1:0
Швајцарија – Данска 3:3
Табела: 1.Швајцарија 6, 2.Р.Ирска 6, 3.Данска 0 , 4.Грузија 0, 5.Гибралтар 0
ГРУПА Ф
Малта – Шпанија 0:2
Норвешка – Шведска 3:3
Романија – Фарски Острови 4:1
Табела: 1.Шпанија 6, 2.Шведска 6, 3.Романија 3, 4.Малта 3, 6.Норвешка 0, 5.Фарски О. 0
ГРУПА Ј
Ерменија – Финска 0:2
Босна и Херцеговина – Грција 2:2
Италија – Лихтенштајн 6:0
Табела: 1.Италија 6, 2.Грција 4, 3.БиХ 4, 4.Финска 3, 5.Лихтенштајн 1, 6.Ерменија 0
ИТАЛИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН 6:0
БИХ – ГРЦИЈА 2:2
ШВАЈЦАРИЈА – ДАНСКА 3:3
ИРСКА – ГРУЗИЈА 1:0