Top Sport

Л’Екип: Азар ќе биде презентиран во Реал по финалето на ЛЕ

Реал Мадрид ќе го потврдат првото големо засилување за следната сезона, Еден Азар од Челси по финалето на Лига Европа на „сините“ против Арсенал на крајот на месецот, јавува угледниот француски весник „Л’Екип“.

Азар подолго време е поврзуван со трансфер во шпанската престолнина, а во текот на викендот објави дека ја направил одлуката за својата иднина и веќе го информирал тимот. Азар има уште една година од договорот со клубот од Лондон и ова е последна шанса клубот да „искешира на него“.

„Л’Екип“ тврди дека Реал ќе го презентира Азар во договор од 100 милиони евра еден ден по пресметката на двата англиски клубови во финалето на Лига Европа на 29 мај.

28-годишниот Азар дојде во Челси од Лил за 32 милиони фунти во 2012 и освои две титули од Премиер лигата, една од ФА купот и една од Европа лигата со „сините“. Во 2014/15 тој беше прогласен за фудбалер на годината.

Азар: Донесов одлука, клубот го известив пред неколку седмици

Scroll to Top