Обидот на Барселона да го донесе Антоан Гризман на „Ноу Камп“ уште не е завршен, тврди францускиот спортски весни „Л’Екип“, иако Французинот ги одби Каталонците на драматичен начин на крајот на сезоната.
Причината за неизвесноста на иднината на Гризман на „Ванда метрополитано“, според „Л’Екип“ е во елиминацијата на Атлетико Мадрид од Јувентус во Лигата на шампионите, нешто што го приморало Гризман да размисли за своите шанси да стигне до овој трофеј со „јорганџиите“.
Гризман минатата сезона ги одби Барселона објавувајќи ТВ-реално шоу „Одлука“ во кое на крајот објави дека останува во Атлетико. Според „Л’Екип“ сегашната откупна клаузула на напаѓачот е 200 милиони евра, но таа ќе падне на 120 милиони евра во јуни, цена што Барселона е повеќе од подготвена да ја исплати.