Top Sport

Руни отворено за Мурињо: Дури и готвачките го мразеа!

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни вели дека сите во Манчестер јунајтед биле незадоволни од лидерството на Жозе Мурињо во клубот – од фудбалерите во соблекувалната, преку луѓето кои го одржуваат теренот на „Олд Трафорд“, до готвачките во клубот.

Мурињо доби отказ оваа недела по ужасниот старт на сезоната по кој Јунајтед е на шестото место во Премиер лигата и беше заменет со поранешниот соиграч на Руни, Оле Гунар Солксјер, кој откри дека Руни му пратил порака да го врати „типот“ на игра на Јунајтед.

„Не се работеше само за фудбалерите кои му свртеа грб, туку целиот фудбалски клуб. Сигурен сум дека потпретседателот Ед Вудвард се чувствуваше исто како готвачките и помошниците на теренот. Оле е личност кој веднаш може да помогне и знам дека атмосферата во клубот веднаш се смени“, вели Руни за „БТ спорт“.

Руни вели дека фудбалерите се задоволни по смената.

„Да се биде успешен фудбалски клуб, потребно е сè да биде на своето место, сите да се среќни.  Тоа веднаш се чувствува кај фудбалерите. Атмосферата беше токсична, но сега сите повторно се смеат“, додава Британецот.

Фото: ЕПА

Вејн Руни отворено: Последните години во Јунајтед беа засрамувачки

Scroll to Top