Лацио истпрати понуда до сите заинтересирани клубови дека еден од најбараните играчи во овој преоден рок, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е достапен до в недела, за сума од 120 милиони евра.
Според пишувањата на италијанските медиуми, доколку до утре, не се појави клуб што е подготвен да ја плати оваа сума, тогаш СМС ќе остане во Рим и оваа сезона.
Клубот им порачал на фудбалерот и неговиот менаџер Матеја Кежман дека мора да ја кажат понудите, доколку тие постојат, во спротивно на фудбалерот нема да му биде дозволено да го напушти клубот.
Преодниот рок во Премиер лигата заврши, што значи дека на листата заинтересирани тимови за услугите на СМС останаа Реал, Јувентус и ПСЖ.
Инаку, пред неколку дена првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, истакнал дека во клубот не пристигнала ниту една конкретна понуда за трансфер на СМС.