Top Sport

„Волците“ го изедоа Арсенал! (видео)

Вулверхемптон го искористи лошото прво полувреме на „топчиите“ за да го совладаат Арсенал со 3:1 и да земат уште еден „скалп“ на врвна екипа од Премиер лигата.

Од 28. минута до крајот на полувремето, Арсенал успеа да прими три гола на „Молињу“ откако Рубен Невес, Мет Доерти и Диого Жота успеаја да го совладаат Бернд Лено во можеби најслабото полувреме на „топчиите“ откако Унаи Емери е на чело на клубот. Арсенал успеа да врати еден гол во 80. минута преку Сократис, но на крајот загуби драгоцени поени во борбата за место во Лигата на шампионите.

Овој пораз доаѓа по домашниот 2:3 пораз од Кристал палас, и ги остава Арсенал на петтото место на табелата со 66 поени, еден помалку од Челси и веќе четири зад лутите ривали Тотенхем. Вулверхемптон пак, се искачува на седмото место на табелата со 51 поен.

Scroll to Top