Top Sport

Лајпциг преку Хофенхајм во четврт-финалето на Купот на Германија

Лајпциг се пласира во четвртфиналето на Купот на Германија откако во осминафиналната рунда го совлада Хофенхајм со 3:1. Емил Форсберг во деветтата минута донесе предност, а Конрад Лајмер зголеми на 2:0 пред крајот на првото полувреме.

Каспер Долберг даде надеж за Хофенхајм со голот во 77.минута, но Тимо Вернер го одлучи победникот со погодокот во 84.минута од мечот.

Гостите во 86.минута останаа и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Стенли Нсоки.

Scroll to Top