Top Sport

Фиорентина полуфиналист во италијанскиот Куп

Тимот на Фиорентина се пласира во полуфиналето на Купот на Италија откако го победи Торино со 2:1 во денешната четвртфинална пресметка. „Виолетовите“ сега го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Кремонезе и Рома во следната рунда.

Лука Јовиќ донесе предност за Фиорентина во 65.минута, а Џонатан Иконе во 90.минута зголеми на 2:0.

Торино во судиското продолжение преку Јан Карамо го постави конечниот епилог.

Scroll to Top