Лондонското дерби помеѓу Челси и Тотенхем кое го отвори 27 коло во Премиер лигата им припадна на „сините“ со 2:1 (1:0).
Избраниците на Френк Лампард, кој и во третиот меч против Жозе Мурињо излезе како победник, одиграа одличен натпревар и заслужено ги освоија бодовите.
Сенка на нивната победа фрла авто-голот што си го постигнаа во 89 минута. По овој дуел во Англија повторно ќе се отвори дебата за начинот на кој се употребува ВАР-технологијата.
Мечот започна со шансите на Лукас Моура во деветта минута за Тотенхем и Мејсон Маунт за Челси две минути подоцна.
Челси до првиот гол дојдоа преку Оливие Жиру кој по три месеци доби шанса да биде старетер кај Лампард.
На голот му претходеше одличната одбрана на Љорис против Жиру, потоа дирекот што го погоди Маунт, а Жиру од третиот обид го погоди голот.
Домашните играчи предноста ја зголемија на самиот страт на вториот дел. Во 48 минута една добра тимска акција со прецизен удар ја заврши, уште еден играч кој подолг период не добиваше шанси од Лампард, Маркос Алонсо.
Шпанецот можеше да постигне уште еден гол, но обидот што го имаше од слободен удар заврши во дирекот. Во вториот дел шанси за Челси промашуваа и Маунт, односно Абрхам.
Тотенхем намалија во претпоследната минута од акција која не требаше да претставува опасност за Кабалјеро. Ламела се обиде да нафрли топката ја допре ногата на Ридигер и заврши во голот.
Челси по оваа рунда ќе остане на четвртото место сега со 44 поени, четири повеќе од Тотенхем.