Менаџерот на Челси, Френк Лампард доби пофалба од својот поранешен соиграч Тревер Синклер по „судирите“ со тренерите на Ливерпул, Јирген Клоп и на Тотенхем, Жозе Мурињо покрај аут линијата.
Вчера, при поразот од Тотенхем на пенали во Лига купот, Лампард имаше интересен разговор со Мурињо, неговиот стар тренер, велејќи му дека повеќе зборува со судиите отколку со своите играчи. Претходно, во јули тој имаше побурен судир со Клоп, за што потоа изјави дека жали што реагирал така. Синклер вели дека нема за што да жали.
„Ми се допаѓа тоа што Френк стои на своето и е што цврст. Мора да го добие авторитетот за своите фудбалери и тоа е реакција која ти дава многу самодоверба. Би сакал да продолжи така. Не му е грижа кој е од другата страна. Ако сака да биде некој како Карло Анчелоти мора да стои на своето“, изјави Синклер.
По мечот во вторникот, Лампард инсистираше дека се работело за шега.
„Малку се забавувавме на аутот. Добро се согласувам со Жозе и само го коментирав фактот што тој зборува повеќе со судијата отколку со своите играчи“, изјави Лампард.
Мурињо му даде јавен совет на Лампард да ги „смири нервите“.
„Кога ќе губиш, не треба да седиш на клупата, а кога ќе водиш, да скокаш наоколу“, изјави кратко Мурињо.
Конфликт на поранешните соработници – Мурињо до Лампард: Бла, бла, бла…!