Top Sport

Втора операција за Флоренци оваа сезона

Италијанскиот калчолигаш Милан објави дека на фудбалерот Алесандро Флоренци (31) вчера му била извршена артроскопска операција на левото колено. Закрепнувањето би требало да трае околу еден месец, па тој сепак би можел да заигра на крајот од оваа сезона која трае до 22 мај.

Ова е втора операција на коленото за Флоренци. На слична процедура беше подложен во октомври минатата година и по еден месец се врати на терените.

На седум кола пред крајот на сезоната, Милан е на врвот на табелата во Серија А со 67 бодови, Наполи има еден помалку, а третопласираниот Интер има четири бода негатива, но и еден одигран натпревар помалку.

Scroll to Top