Даичи Камада е нов фудбалер на Лацио. Јапонскиот интернационалец потпиша договор на 2+1 година со „орлите“.
Камада беше слободен агент откако одби да го продолжи договорот со Ајнтрахт Франкфурт. Голем број клубови, меѓу кои Милан и Атлетико Мадрид, покажаа интерес за Јапонецот, но не беше постигнат договор.
Лацио првично не успеа да се договори со Камада за неговите лични услови, но доби финансиска поддршка од спонзорот „Мизуно“ и успеа да го финализира договорот.
Камада минатата сезона постигна осум гола и забележа шест асистенции на вкупно 31 натпревар во Бундеслигата.