Освојувачот на Купот, тимот на Македонија ЃП, ги претстави дресовите за новата сезона. Во пресрет на настапот во квалификациите на Конференциската лига, „лавовите“ имаа фотосесија на која ја претставија спортската опрема за новиот шампионат.
Кристијан Стојкоски, Филип Мишевски, Емир Скендери, Калид Абдул Басит, беа во улога на промотери на новите дресови.