Динамо Загреб можеби пропушти идеална шанса да се натпреварува во Лигата на шампионите, но покажа дека ќе биде сериозен противник во Лигата на Европа, откако успеа со 4:1 да го „уништи“ турскиот Фенербахче, за кој нашиот Елиф Елмас беше стартер на „Максимир“.
Изет Хајровиќ постигна два гола, а Динамо со „атомски“ фудбал успеа да стигне до импресивна победа во групата Д, каде што се уште и Спартак Трнава и Андерлехт, промовирајќи се во прв фаворит за пласман понатаму.
Милан, на гостувањето во Луксембург не се прослави, откако дури во 59. минута, Гонзало Игуаин со многу среќа успеа да го совлада голманот на Дуделанж за 0:1 победа.
Во Разград пак, бугарскиот шампион Лудогорец имаше фантастично водство од 2:0 против Баер Леверкузен по првото полувреме, за на крајот да биде поразен со 2:3!
Арсенал, со Бернд Лено првпат на голот, немаше проблеми со украинската Ворксла, победувајќи со 4:2.
Фото: ЕПА
ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА А
АЕК Ларнака (Кип) – Цирих (Шва) 0:1
Лудогорец (Буг) – Баер Леверкузен (Гер) 2:3
ГРУПА Б
Селтик (Шко) – Розенборг (Нор) 1:0
РБ Лајпциг (Гер) – Салцбург (Авт) 2:3
ГРУПА Ц
Копенхаген (Дан) – Зенит Санкт Петербург (Рус) 1:1
Славија Прага (Чеш) – Бордо (Фра) 1:0
ГРУПА Д
Динамо Загреб (Хрв) – Фенербахче (Тур) 4:1
Спартак Трнава (Свк) – Андерлехт (Бел) 1:0
ГРУПА Е
Арсенал (Анг) – Ворксла (Укр) 4:2
Спортинг (Пор) – Карабаг (Азе) 2:0
ГРУПА Ф
Дуделанж (Лук) – Милан (Ита) 0:1
Олимпијакос (Грц) – Реал Бетис (Шпа) 0:0