Англија ќе ги има сите четири финалисти на европските фудбалски натпреварувања оваа сезона, откако Челси по драматично изведување на пенали, конечно, го скрши отпорот на Ајнтрахт Франкфурт по двете ремија со 1:1 и сега ќе игра со Арсенал во финалето на Лига Европа.
Секако, најзаслужен е честопати критикуваниот голман на „сините“, Кепа Аризабалага, кој одбрани два пенали во пенал-серијата за голема победа.
Заедно со финалето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем, се комплетира неверојатната сезона за англиските клубови во Европа – покрај тоа што сите четири клубови се од Премиер лигата, три од нив се од Лондон (Челси, Арсенал и Тотенхем).
По тешки 90 минути, во кои Челси имаше повеќе од поседот на топката, меѓутоа не успеа да им даде гол на упорните Германци, пенал-серијата не започна најдобро за домаќините, откако ударот на Цезар Азпиликуета во втората серија беше одбранет од Кевин Трап.
Меѓутоа, тогаш на сцена стапи Кепа, голманот кој оваа сезона влезе во голем конфликт со навивачите по одбивањето да излезе од игра во финалето на англискиот Лига куп, и ги одбрани ударите на Хинтерегер и Пасиенсија за да дозволи Еден Азар со прецизен удар да го постигне последниот гол и да ги однесе Челси во финале.
Обамејанг им донесе европско финале на Арсенал, Челси и Ајнтрахт ќе играат продолженија (видео)