Top Sport

ЛЕ: Милан без Ибра се намачи против Бодо/Глимт

Милан успеа да влезе во баражот за влез во групната фаза на Лига Европа, откако на „Сан Сиро“ без Златан Ибрахимовиќ успеа да стигне до 3:2 победа над норвешкиот Бодо/Глимт и да обезбеди меч со португалскиот Рио Аве, кој претходно го исфрли Бешикташ.

Гостите први дојдоа во водство преку Јункер уште во 15-тата минута, но Милан одговори веднаш со израмнувањето преку Хакан Чалханоглу во 16-тата минута, пред Лоренцо Коломбо во 32. минута да ги донесе во водство. Чалханоглу повторно стрелаше во 50-тата минута, но норвешкиот тим успеа да ја заддржи неизвесноста откако пет минути подоцна намали на 3:2.

ЛИГА ЕВРОПА, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Волфсбург (Гер) – Десна (Укр) 2:0

Милан (Ита) – Бодо/Глимт (Нор) 3:2

Базел (Шва) – Анортозис (Кип) 3:2

ЛАСК (Авт) – Дунајска Стреда (Свк) 7:0

Легија Варшава (Пол) – Дрита (Кос) 2:0

Санкт Гален (Шва) – АЕК Атина (Грц) 0:1

АПОЕЛ (Кип) – Зрињски Мостар (БиХ) 2:2, 4:2 пенали

Шериф Тираспол (Мол) – Дандалк (Ирс) 1:1, 3:5 пенали

Стандард Лиеж (Бел) – Војводина (Срб) 1:1, 2:1 по продолженија

Ријека (Хрв) – Колос Коваливка (Укр) 0:0, 2:0 по продолженија

Спортинг Лисабон (Пор) – Абердин (Шко) 1:0

Вилем Втори (Хол) – Ренџерс (Шко) 0:4

Scroll to Top