Top Sport

ЛЕ: Севилја го исфрли Лацио, Италијанците сметаат дека се „ограбени“ (видео)

Севилја победи со 2:0 во вториот меч од 1/16 финалето на Лига Европа (по гостинската 1:0 победа) во меч во кој „лацијалите“ сметаа дека се сериозно оштетени и во кој двата тима го завршија мечот со по 10 фудбалери.

Сенад Лулиќ беше соборен од Габриел Меркадо кога беше во добра позиција од десетина метри, но англискиот судија Ентони Тејлор реши дека нема фаул за пенал. За разлика од Лигата на шампионите, во Лига Европа уште не се користи ВАР системот.

Неколку моменти подоцна Данило Каталди од слободен удар ја „закачи“ пречката, но веднаш потоа Лацио примија гол. По грешката на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Томас Стракоша слабо ја исфрли топката директно пред нозете на Висам Бен Једер, кој исто така стрелаше и на „Олимпико“.

Во второто полувреме, мечот стана погруб, и во 60. минута, домаќините останаа со играч помалку по вториот жолт картон за Франко Васкез. Но, предноста за Лацио беше мала, откако Адам Марушиќ 11 минути подоцна доби црвен картон. Севилја ја заврши работата со голот на Пабло Сарабија во 78. минута.

Фото: ЕПА

Scroll to Top