Шпанскиот прволигаш Леганес објави дека на сите оние навивачи кои имаат годишни билети бесплатно ќе им ги продолжи и за наредната сезона.
Клубот решил да повлече ваков потег откако е објавено дека сезоната која ќе продолжи на почетокот на наредниот месец ќе се игра на празни стадиони. Како сега стојат работите трибините ќе останат празни и на почетокот на наредната сезона.
„Свесни сме колку е тешка општествената и економската ситуација во која се најде нашата заедница. Сакаме на овој начин барем малку даи ги олесниме на нашите навивачите тешките денови“, стои во клупското соопштение.
Сите навивачи кои ќе сакаат да ги продолжат сезонските билети ќе треба преку и-мејл да го известат клубот најдоцна до 11 јуни.
Леганес на 11 кола до крајот на сезоната се наоѓа на претпоследното место на табелата со три бода помалку од Селта која во овој момент се наоѓа во безбедната зона.