Шпанскиот шампион Барселона го доживеа првиот пораз во новата сезона, откако на гостувањето во мадридските предградија, Леганес се врати за 2:1 победа.
По контроверзното 2:2 реми со каталонските ривали Џирона во текот на викендот, тимот на Ернесто Валверде очекуваше релативно лесен натпревар против Леганес, и ситуацијата изгледаше јасна кога Лео Меси му асистираше на Филипе Кутињо уште во 12. минута, и Бразилецот ја „распали“ од дваесетина метри за рано водство.
Меѓутоа, Леганес ја начека својата шанса и за една минута постигна два гола за шок за актуелниот шампион. Ел Жар по еден контранапад израмни за Леганес во 61. минута, а буквално во следната минута, Жерард Пике направи грешка во одбраната и Родригез Арнаиз ги „казни“ Барселона за славна победа.
Шокантен пораз доживеа и Атлетик Билбао, откако Вилјареал успеа да слави 3:0 на „Сан Мамеш“ со три гола во второто полувреме.
ЛА ЛИГА, 6.КОЛО
Атлетик Билбао – Вилјареал 0:3
Леганес – Барселона 2:1
Фото: ЕПА