Најдобриот футсал играч во историјата, Бразилецот Фалкао, реши да ја заврши кариерата. 41-годишниот футсалер на „Инстаграм“ порачал дека е време да му се посвети на семејството.
Прошталниот меч тој го одигра за Бразил против Парагвај. Бразилците славеа 4:2, а Фалкако постигна два гола.
„Поради футсалот бев далеку од домот и семејството. Сепак ова патување вредеше и повторно би го направил истото. Едноставно ми стана јасно дека дојде времето да се пензионирам и да се посветам на некои други работи во животот. Футсалот секогаш ќе биде мојата најголема љубов, но сега сакам да одморам“.
Фалкао за репрезентацијата на Бразил постигнал 401 гол на 258 натпревари.