Top Sport

Легендата ја напушта Барселона, клубот објави проштално видео

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс по 18 години го напушта „Камп Ноу“. Веста официјално ја потврди каталонскиот гигант кој на социјалните мрежи објави проштално видео.

Бускетс започна во клупската академија, во првиот тим влезе во 2008 година. Денеска има 34 години, а договорот му истекува на крајот на јуни.

Тренерот Чави Ернандез сакаше Бускетс да остане, клубот му понуди нов договор, но под значително полоши финансиски услови. Токму ова е една од причините зошто не сакаше да остане.

Тој сака да гу напушти клубот додека е важен играч во тимот, а не само еден во низата играчи.

Со Каталонците Бускетс освои осум титули во шпанската лига, три трофеи во Лигата на шампионите и седум во Купот на кралот.

Интерес за него покажуваат Интер Мајми и Ал-Хилал, клуб кој сака во своите редови да го донесе и Лионел Меси.

Scroll to Top