„Дали сме ние идиоти?“ е прашањето кое се наоѓа преку насловната страница на денешното издание на францускиот „Лекип“.
Најдобриот спортски весник во Франција се прашува дали мораше да заврши фудбалската сезона во државата, кога преостанатите националните првенства од “големата петка“ решија да продолжат во јуни и да ги завршат шампионатите.
Французите прогласија крај на сезоната и им ја доделија титулата на фудбалерите на ПСЖ. Две недели по оваа одлука министерството за спорт донесе одлука дека фудбалерите можат да заочнат со тренинзи.
Оваа одлука дека спортистите можат да започнат со нормални тренинзи предизвика бес во фудбалската јавност во Франција која смета дека била изманипулирана и дека клубовите не морале да ја прекинат сезоната.
Се проценува дека француските клубови поради оваа одлука изгубиле преку 250 милиони евра.
Поради тоа „Лекип“ се прашува дали со таа одлука испаднале идиоти.
Tomorrow’s L’Équipe: “Like Idiots?” pic.twitter.com/1SJljKF2ZH
— Get French Football News (@GFFN) May 28, 2020