Top Sport

Швајцарија го освои тимското злато

Швајцарија го освои златниот медал во екипна конкуренција на Светското првенство во Оре, Шведска. Швајцаскиот мешан тим, во финалето, се натпреваруваше против Австрија, дуелот заврши 2:2, а златото им припадна поради подоброто вкупно време.

foto: epa

Тимовите возеа паралелен слалом. Најпрвин Венди Холденер ја победи Катарина Линсбергер, а на 1:1 израмни Михаел Мат во дуелот со Даниел Јуле. Австрија имаше водство 2.1 откако Катарин Трупе ја победи Алин Данио, но во последната трка Швајцарецот Рамон Зенхојзерн беше подобар од Марк Шварц.

Швајцарија во финалето имаше подобро време за 77 стотинки.

Третото место и бронзениот медал го освои Италија, со победата од 3:1 над Германија.

Scroll to Top