Top Sport

Леонида Гичевска потпиша за Локомотива Загреб

Македонската ракометна репрезентативка Леонида Гичевска потпиша договор со хрватскиот клуб Локомотива Загреб. Таа ќе биде соиграч со уште една Македонка, Андреа Седлоска.

24-годишната Гичевска минатата сезона беше дел од Ле Самбр Авенуа, каде беше еден од најдобрите стрелци. Локомотива Загреб препозна во неа квалитетно засилување за левата бековска позиција.

Гичевска и Седлоска со Локомотива во новата сезона ќе настапуваат во Лигата на шампионките.

Scroll to Top