Арсенал доживеа трет пораз во низа загрозувајќи си ги шансите за пласман во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај Лестер загубија со високи 3:0 во уште еден лош меч за „топчиите“, кои да потсетиме оваа сезона имаа низа од 22 меча без пораз.
Арсенал беа надиграни од тимот на Брендан Роџерс, а во првото полувреме останаа со 10 играчи по црвениот картон за Ејнсли Мејтленд-Најлс во финишот на првото полувреме, по што примија три гола во второто полувреме – два од Џејми Варди и еден од Јури Тилеманс.
Зачудувачки и покрај оваа лоша серија, Арсенал остануваат во борба за топ 4 пласман – тие се петти со 66 поени, еден помалку од Челси и два пред Манчестер јунајтед, два тима кои денеска се среќаваат на „Олд Трафорд“.