Top Sport

Казинс ги приземји „ракетите“, Вестбрук во трипл-дабл ритам (Видео)

Голден стејт Вориорс, во Тексас, го добија НБА дербито против Хјустон Рокетс. Без Кевин Дурент, клучен играч во победата 106:104 беше центарот Демаркуз Казинс. Изминатата ноќ Расел Вестбрук од Оклахома Тандер, го забележа 26 трипл-дабл во сезоната, вкупно 130 во кариерата.

Вориорс, во последниот период имаа предност од 13 поени, меѓутоа им дозволија на Рокетс серија 8:0, поради што мечот влезе во неизвесна завршница. Победникот го реши Стеф Кари кој ги погоди слободните фрлања за 106.103.

Иако Клеј Томпсон постигна 30 поени, а Стеф Кари 24, клучен играч на Вориорс беше Казинс со 27 поени, 8 скока и 7 асистенции. Џејмс Харден забележа дабл-дабл (29 поени, 10 асистенции) за Рокетс.

Хјустон со овој пораз ја прекинаа серијата од девет победи и третото место на Западот им го препуштија на Оклахома Тандер.

Оклахома ги победија Бруклин Нетс 108:96. Вестбрук забележа 31 поен, 12 скока и 11 асистенции. Кај Нетс се истакна Спенсер Динвиди со 25 поени.

Резултати:

Вашингтон Визардс-Орландо Меџик 100:90
Атланта Хокс-Мемфис Гризлис 132:111
Мајами Хит-Детроит Пистонс 108:74
Финикс Санс-Јута Џез 97:114

Scroll to Top