Top Sport

Левандовски го игра последниот меч во дресот на Баерн?

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски денеска 99 % го игра последниот натпревар во дресот на Баерн Минхен. Тој ја донел конечната одлука за заминување, а агентот Пини Захави веќе ги договорил условите со Жоан Лапорта за трансфер во Барселона. Баварскиот тим денеска му гостува на Волфсбург во последното коло од Бундес – лигата.

Според германските медиуми, Баерн Минхен ја сфаќа сериозноста на ситуацијата и е подготвен да преговара со Барселона затоа што следното лето напаѓачот би заминал како слободен агент.

Поранешниот менаџер на фудбалерот, Чезари Кучарски, во интервју потврди дека Лева отсекогаш сакал да се испроба во Ла Лига.

„Левандовски ги освои сите можни трофеи со Баерн и тоа е одлично, но сега е време за некои нови предизвици. Тоа е природна работа во животот на професионалниот фудбалер. Од првиот ден кога пристигна во Баерн, челниците на клубот знаеја дека тој еден ден ќе сака да има нов предизвик. Левандовски сака да игра во шпанската лига и секогаш сонувал за тоа“, изјави Кучарски.

Scroll to Top