Top Sport

Последно второлигашко коло: Кој ќе оди во бараж, Воска или Вардар?

Силекс е нов прволигаш, ќе го празнува враќањето во македонската елита, а трката на Воска и на Вардар денеска ќе има „победник“. Само еден тим ќе избори пласман во баражот за пласман во Првата лига, тој што ќе ја освои втората позиција во Втората лиза Запад.

Воска денеска (17 часот) му гостува на новиот прволигаш Силекс во Кратово и треба да остане непоразена за да ја оствари целта. Вардар се надева дека Силекс ќе ја победи Воска и со триумф против Кораби во Дебар ќе стогне до баражот.

Слично е и во Втората лига Исток. Победа е веќе прволигаш, а денеска гостува кај Слога Виница. Таа има шанси за второто место, но на пол-позиција е Беласица, која има бод предност во трката и денеска гостува кај Кожуф во Гевгелија. Доколку победи, ќе се пласира во бараж за пополнување на елитата.

Таму чекаат прволигашите Тиквеш и Скопје кои и пред утрешното последно коло знаат дека ќе играат дополнителен бараж натпревар за опстанок во Првата лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top