Роберт Левандовски не успеа да ја освои Златната топка за 2021 година. Престижната награда, седми пат во кариерата му припадна на Лионел Меси. Полјакот ја доби утешната награда за најдобар напаѓач во светот.
Напаѓачот на Баерн, во 2020 година, не беше награден, бидејќи „Франс фудбал“ поради пандемијата на коронавирусот не ја додели Златната топка. Според многумина беше фаворит и оваа година, но наградата замина кај Аргентинецот од ПСЖ.
Левандовски за полските медиуми признал дека бил тажен кога дознал дека нема да ја добие Златната топка.
„Нема причина да кријам дека бев тажен. Бев толку блиску, а се натпреварував со Меси…Тоа само покажува кое ниво успеав да го достигнам. Го ценам Меси, за се што успеал да постигне во кариерата. Но не разори тоа што не победив. Драг ми беше што таа недела не играв за Баерн“, рекол Левандовски, а потоа ја коментирал изјавата на Меси, кој изјави дека Левандовски во 2020 ја заслужил наградата.
„Неговите зборови ќе ми значеа нешто доколку почувствував дека се искрени. Сметам дека тоа беа празни зборови“.