Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди освои важен поен во борбата за опстанок во Ла лига, откако одигра 2:2 во возбудлив меч против Еспањол, иако гостите беа во водство двапати.
Еспањол дојде во водство преку Борха Иглесиас во 16. минута, но домаќините успеаја да израмнат преку Рубен Везо во 62. минута, за Еспањол само три минути подоцна повторно да дојде во водство преку Марк Рока. Важниот поен за клубот од Валенсија го обезбеди Рубен Рочина во 72. минута, за само две минути подоцна да го добие вториот жолт картон и да ги остави Леванте со 10 играчи до крајот на мечот.
Со поенот, Леванте се на 16. место во Ла лига со 34 поени, колку што има и 15-пласираната Џирона, Вилјареал има 33, а Валјадолид 32 на 18. место, кое води во втората лига.