Баер Леверкузен ги победи италијанските великани Јувентус и Милан и ја доби трката за потписот на Иранецот, Сердар Азмун. „Фармацевтите“, објавија дека се договориле со Иранецот, кој по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Леверкузен како слободен играч.
Зенит, успеа во намерата Азмун да остане во Санкт Петербург до крајот на сезоната. Јуве и Милан беа заинтересирани да го донесат Азмун до крајот на зимскиот преоден рок, меѓутоа Зенит за него бараа 20.000.000 евра.
„Иранскиот Меси“, како што го нарекуваат Азмун, дресот на Зенит го носи од февруари 2019 година, претходно играше за Рубин Казањ.
Азмун со Баер Леверкузен потпиша петгодишен договор.